Достапни линкови

Два нови случаи на коронавирус во Македонија


илустрација

Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на коронавирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. Станува збор за сопружници од Дебар, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

„Тие патувале од Бреша, Италија и влегле во земјава на 27 февруари со автобус на граничниот премин Табановце, во кој имало 40-тина патници кои се симнувале во Куманово, Скопје и во Дебар. Првите симптоми на настинка ги добиле на 2 март, но матичниот лекар во Дебар не препознал индикации да се направи тестот за коронавирусот. Денеска повторно се јавиле во болницата во Дебар и дошол доктор од Гостивар, кој ги востановил симптомите и биле тестирани за коронавирус. Сопружниците кажале дека немале никакви контакти освен со братот на жената, и епидимеолозите ќе одлучат дали ток ќе биде ставен само тој во карантин или целото негово семејство. Нивната состојба е стабилна“, изјави на вонредната прес конференција вечерва министерот Филипче.

Тој додаде дека заедно со МВР се идентификувани сите патници кои патувале со сопружниците и во текот на денот или утре сите ќе бидат тестирани.

XS
SM
MD
LG