Достапни линкови

„Рекет“ денеска затворен за јавноста


Архивска фотографија- Бојан Јовановски - Боки 13 во судница за случајот „Рекет“, 6 февруари 2020 година

Денешното судско рочиште за случајот „Рекет“ е затворено за јавноста. Ова го одлучи судијката Васка Николовска- Масевска откако обвинителката Вилма Русковска информираше дека разговорот кој денеска ќе се презентира како доказ меѓу обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски е „сензитивен“. Русковска тоа го кажа на вчерашното рочиште на што се спротиставија Јовановски и обвинетата Катица Јанева кои бараа јавноста да биде присутна. При влегувањето во судот Јовановски се пожали дека бил физички нападнат од полициски службеник во притворското одделение во затворот Скопје.

Инаку во случајот обвинети се Јанева, Јовановски и Милевски. Според обвинението, тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.

XS
SM
MD
LG