Достапни линкови

Шарец: сакаме Словенија на Орбан или наша суверена Словенија?


Архивска фотографија- словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец

Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец, на социјалните мрежи коментирајќи ги актуелните случувања во земјата порача дека сите треба да се запрашаат дали сакаат „Словенија на Орбан или пак суверена Словенија“, јави дописникот на МИА.

Ова Шарец го напиша по објавите во словенечките медиуми за наводниот начинот на кој се финансирапартијата на неговиот политички противник Јанез Јанша СДС (Словенечка демократска партија) и медиумите блиски до нив.Словенечкиот портал Нецензурирано деновиве објави дека најмалку четири милиони евра, компании блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан дале за финансирање на „медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и Северна Македонија“.Во земјава, според Нецензурирано завршиле два и пол милиони евра кои биле дадени на четири медиуми- Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер.

Словенечката полиција подоцна потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во Словенија.

XS
SM
MD
LG