Достапни линкови

Измерени 18 степени на Антарктикот


Температурата во северниот дел на Антарктик достигна до 18,3 целзиусови степени што се смета за нов топлотен рекорд на замрзнатиот континент, надминувајќи го претходниот рекорд евидентиран во март 2015 година од 17,5 степени.

Овој рекорд беше евидентиран на 6 февруари од аргетинската база за истражување Есперанза и сега треба да го верификува Светската метеоролошка организација. Според нивните податоци во изминатиов половина век просечната температура на замрзнатиот континент за речиси 3 целзиусови степени

Светската организација „Гринпис“ на 7 февруари соопшти дека глобалното затоплување е виновно за рекордната високата температура на континентот покриен со снег и мраз што е живеалиште на пингвините.

XS
SM
MD
LG