Достапни линкови

Унгарија го затвори граничниот премин со Србија поради мигрантите


група мигранти

Унгарската полиција соопшти дека привремено затворила еден граничен премин со Србија за да го пресече патот на голема група мигранти во обид да ја минат границата. Агенцијата Франс прес јавува дека околу 100 мигранти се наоѓаат на граничниот премин во обид да го продолжат патот кон Западна Европа. Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата. Унгарија во 2015 година подигна ограда на границата која на делови е и електрифицирана, поради што илегалните преминувања станаа поопасни.

XS
SM
MD
LG