Достапни линкови

Алијансата за Албанците во коалиција со Алтернатива на изборите


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска изјави дека на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април ќе настапат заедно со Алтернатива. Тој додаде дека добиле писмена согласност за предизборна коалиција од претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, а од другите партии одговор не добиле.

„Во меѓувреме ние остануваме отворени за сите други странки кои се заинтересирани за да го засилат и соединат албанскиот глас и да ја максимализираат албанската понуда во изборите на 12 април, но и во период после 12 април“, изјави Села.

XS
SM
MD
LG