Достапни линкови

Агим Красниќи не се врати во затвор


Илустрација- затворска полиција

Осуденикот Агим Красниќи откако вчера не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуството и официјално се води како бегалец.

Директорот на затворот Мики Тодоров за МИА вели дека сите институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, по што и официјално Красниќи сега се води како бегалец. Тој забележува дека изминатите години Красниќи има користено викенд отсуства и секогаш се враќал во затворот во Штип на издржување на казната. Немале никакви индиции дека Красниќи по ова викенд отсуство нема да се врати во затворот.

Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, тоа значи дека тој има издржано веќе 13 години казна затвор, а остануваат уште три. Осуден за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.

XS
SM
MD
LG