Достапни линкови

Расте бројот на заболени од коронавирусот на патничкиот брод во Јокохама


Јапонија- патничкиот брод вкотвен во јапонското пристаниште Јокохама на кој има заболени од коронавирусот

Уште десет луѓе во патничкиот брод вкотвен во јапонското пристаниште Јокохама се заболени од коронавирусот, со што се удвои бројот на заболени, додека резултатите од тестирањето на уште 170 луѓе се уште се чекаат.

Министерот за здравство Кацунобу Като денеска рече дека сите 3700 луѓе кои се во бродот ќе бидат во карантин 14 дена, а заболените ќе бидат пренесени во болници. Јапонското министерство за надворешни работи ја информирало руската амбасада во Токио дека 24 Руси се на бродот. Според извор на РСЕ кој се наоѓа во пловилото во него има и најмалку 20 Украинци. На другиот патнички брод, кој е вкотвен во Хонг Конг, пак, има 3600 луѓе кои исто така се тестирани за коронавирус.

Досега од ова заболување починаа 563 луѓе во Кина каде што има и повеќе од 28 000 заболени. Денеска локалните власти во Вухан, градот во кој изби вирусот, предупредија дека се соочуваат со недостиг на болнички легла и опрема за третирање на растечкиот број на пациенти.

СЗО – Нема пандемија од коронавирусот

XS
SM
MD
LG