Достапни линкови

Анкара бара од ЕУ исти правила за преговори како Западен Балкан


Архивска фотографија- турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Анкара побара од Европската унија да ја тргне „вештачката поделба“ меѓу Западен Балкан и Турција во политиката за проширување на ЕУ. Во писмото од турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пратено до новиот шеф за надворешна политика на ЕУ Џозеп Борел на 22 јануари, тој го искажува турскиот поглед на проширувањето во пресрет на денешното објавување на новата методологија на ЕУ.

Новата методологија за преговори која денеска беше презентирана во Брисел се однесува на Албанија, Босна, Косово и Северна Македонија.

Чавушоглу во писмото, во кое увид имаше Радио Слободна Европа, наведува дека пристапните преговори со балканските земји не треба да бидат третирани поинаку од преговорите со Турција и дека секоја земја треба да биде оценувана по сопствени заслуги.

Турција побара да се придружи од Европската економска заедница, која беше претходник на Европската унија, во 1987 година и ги почна преговорите за зачленување во 2005 година. Во последните години преговорите се во застој, а ЕУ ја критикува земјата за непочитување на човековите права и владеењето на правото.

XS
SM
MD
LG