Достапни линкови

Брнабиќ: соработката со Приштина ќе зависи од спроведувањето на договорите


Архивска фотографија- српската премиерка Ана Брнабиќ

Соработката на српските власти со косовските институции ќе зависи од нивното исполнување на меѓународните обврски поврзани со спроведувањето на Бриселскиот договор и укинувањето на таксите на увозот на стоки од Србија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописнкиот на МИА од Белград.

„Отсекогаш сме биле подготвени да соработуваме и да разговараме со привремените косовски институции, но тоа ќе зависи од спроведувањето на Бриселскиот договор, односно од исполнувањето на обврската за формирање на Заедницата на српски општини (СЗО), како и од укинувањето на нецивилизациските такси“, изјави Брнабиќ пред новинарите, прашана дали ќе соработува со новата влада на Косово.

Таа додаде дека идните разговори и соработката ќе зависат одновиот косовски премиер Албин Курти и додаде дека Српска листа во Косово има добиено 10 места во косовскиот парламент и дека сега ќе биде „посилен фактор на Косово“.

Инаку денеска во Собранието во Приштина се гласа за новата косовска влада која ја сочинуваат Самоопределување на Курти и Демократскиот сојуз на Косово.

XS
SM
MD
LG