Достапни линкови

Заев не видел докази за инволвираност на Вељановски во „Монструм“


Архивска фотографија- претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција во партиското седиште

Не поседувам ниту сум видел било какви докази за инволвираност на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски во случајот Смилковско езеро, изјави доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на прашање поставено од родител на едно од убиените момчиња на денешното рочиште за случајот „Монструм“.

Заев, сведочи на денешното рочиште за „Монструм“ во Кривичниот суд, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро во април 2012 година.

На прашање од родител дали бил повикан досега пред истражен судија или обвинител за „Монструм“, Заев рече дека не бил повикан ниту од обвинител ниту од истражен судија да даде исказ за овој случај. Toj, претходно кажа дека сите материјали кои ги поседувале во СДСМ и во кои имал увид како претсетел на партијата, биле предадени во СЈО.

Заради промена на судечкиот совет, судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро беше вратено од почеток, но само формално со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи од каде што претходно застана. Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

XS
SM
MD
LG