Достапни линкови

Во Приштина гласање за новата влада на Косово


Албин Курти

Претседателството на косовското Собрание за денеска закажа пленарна седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово. Собраниската седница е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на партијата победничка на октомвриските избори, движењето Самоопределување на Албин Курти. Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет. Приштинеските медиуми ги објавија имињата на 15 министри. Шеф на дипломатијата ќе биде Глаук Коњуфца, актуелен претседател на Собранието, а министер за европски интеграции Блерим Река.

XS
SM
MD
LG