Достапни линкови

Постигнат договор за формирање Влада на Косово


Албин Курти, лидер на движењето Самоопределување

Лидерите на партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Албин Курти на движењето Самоопределување и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз објавија денеска дека потпишале договор за формирање заедничка Влада. Тие порачаа дека постигнатиот договор е за доброто на земјата и е резултат на волјата на косовските граѓани изразена на изборите од 6 октомври минатата година.

В понеделник ќе се гласа за новата косовска влада

Курти изјави дека неговиот кабинет ќе има 15 министри и 33 заменици министри. Тој информираше и дека на функцијата претседател на Собранието ќе биде назначена личност по предлог на Демократскиот сојуз.

XS
SM
MD
LG