Достапни линкови

Уапсен бугарскиот тајкун Васил Божков


Васил Божков

Бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, изјави бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев. Божков, според се уште неофицијални информации, како што наведе Гешев, е уапсен на територијата на Обединетите Арапски Емирати заедно со уште две лица. Божков е обвинет во Бугарија за лажирање игри на среќа.

Портпаролката на јавниот обвинител, Сијка Милева изјави дека денеска бил рпиведен и директорот на Комисијата за игри на среќа, Александар Георгиев, кој признал дека го заштитувал бизнисот на Божков.

Претходно, бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага како и по Божков, беше приведен изутрината на аеродромот во Виена.

Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствувала од 2014 година и вршела принуда, изнуда и перење пари. Божков чие богатство се проценува од половина милијарда до една и пол милијарда евра е обвинет по седум точки за криминално дело.

XS
SM
MD
LG