Достапни линкови

Нуредини: Нема да дозволам државата да стане депонија за странски отпад


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Министерството за животна средина има издадено дозволи за увоз на опасен отпад само за акумулатори и тоа во количество од 12.500 тони, на правни субјекти кои поседуваат дозвола за нивна преработка, со цел тие да се препродаваат во и надвор од земјата. Ова денеска го изјави министерот за животна средина Насер Нуредини на прес конференција со директорот на Царина Ѓоко Танасоски.

Нуредини изјави дека во земјава постои само еден субјект што поседува дозвола за увоз на алтернативно гориво РДФ од одпад во количество од 25.000 тони годишно, додека најголемо количество на увезен отпад во нашата земја претствува отпаден метал кој е неопасен, а инсталациите го користат како суровина.

„Нема да дозволам нашата земја да стане депонија на странски отпад, според важечките закони тоа не е ниту дозволено, дозволен е увоз само на отпад кој може безбедно да се преработи или согори како енергенс“, изјави Нуредини.

Нуредини изјави дека земјата доцни со имплементација на ЕУ директивите кога се работи за индустриските емисии. Тој изрази очекување дека во скоро време ќе бидат донесени шесте закони, на кои работеле во изминатите две години.Сè уште не е изготвен законот за индустриски емисии кој треба, меѓу другото да овозможи поквалитетен мониторнинг на тоа што се испушта во воздухот, кои вредности се мерат и за достапноста на тие мерења до јавноста, вели министерот.

XS
SM
MD
LG