Достапни линкови

„Рекет“ продолжува на 6-ти февруари со снимките од Камчев


Архивска фотографија- Јордан Орце Камчев во суд како сведок во случајот „Рекет“

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 6-ти февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање материјални докази. На ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството. Во судница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на обвинетата Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во Специјалното јавно обвинителство, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.

Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

Беа презентирани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман. Одземен бил луксузен мебел, столици, маси и разни украси, додека од претресот на деловното лице ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени, компјутери и опрема, тефтери и документи, како и уметнички слики.

Обвинителството предлага доказите од претресот на домот на Зоран Милевски – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна вина и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оружје, мобилни, лап топи и УСБ-а.

Според обвинението, Јанева, прво осомничениот Јовановски- Боки 13 и Зоран Милевски се здружиле за да му земаат пари на сведокот, бизнисменот Камчев во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него.

XS
SM
MD
LG