Достапни линкови

Земјите-членки на ЕУ дадоа финално одобрување за Брегзитот


Архивска фотографија- членовите на Европскиот парламент по гласањето за Брегзитот, 29.01.2020

Земјите членки на Европската унија го дадода финалното одобрување за британското напуштање на блокот со што се отвори патот за утрешниот Брегзит.

Останатите 27 земји членки го одобрија договорот за повлекувањето на Британија во писмена форма, соопшти Европскиот совет денеска, ден откако Европскиот парламент со мнозинство гласаше за договорот за Брегзит. Излегувањето на Британија од ЕУ ќе стапи во сила утре во 23.00 часот по централно европско време.

Преговорите сега ќе се фокусираат на идната соработка. Британија е првата земја која го напушта овој политичкиот и економскиот блок.

XS
SM
MD
LG