Достапни линкови

Владата го усвои извештајот до УНЕСКО за Охрид


Охрид

Владата на денешната седница го усвои извештајот што треба да го прати до УНЕСКО и да ја убеди ова светска организација дека Охрид не треба да се впише во листата на светско наследство во опасност. Во усвоениот извештај се нотираат работите што се сторени од страна на власта во постапувањето по препораките на УНЕСКО.

Во соопштението од Владата се наведува дека е донесен Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029), спроведена е Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство. Државата изработила инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Охридскиот регион, отпочната е санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро и продолжен е проектот за пренасочување на течението на реката Сатеска, стои во соопштението.

Владата го задолжува Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, да провери дали градежните инспектори ги извршуваат своите обврски согласно Законот за градење, и да достави за сето тоа информација до Владата до наредната седница.

XS
SM
MD
LG