Достапни линкови

Талибанците се судрија со авганистанските сили кои се обидуваат да стигнат до урнатиот авион


Авганистан- видео од твит на ИЛНА на кој се гледа урнат авион југозападно од Кабул

Авганистанските безбедносни сили се судрија со талибанските борци во централната провинција Газни каде што вчера се урна американски воен авион, соопштија и безбедносните власти и милитантната група. До судирите дошло кога авганистанските безбедносни сили се обидувале да дојдат до местото каде што падна авионот. Американската војска соопшти дека бомбардер Е-11А се урна во провинцијата Газни, но не соопшти колку луѓе имало во него. Авганистанските безбедносни сили доцна вчера заминаа во областа во која има големо присуство на Талибанци и според локалниот шеф на полицијата дошло до судир со нив.

Авионот се урна вчера, а во првите часови по падот имаше различни информации дали се работи за патнички или воен авион.

XS
SM
MD
LG