Достапни линкови

Поединци во Бугарија затаиле данок од 150 милиони лева


Бугарските медиуми јавуваат дека повеќе од 150 милиони лева (околу 75 милиони евра) се неплатени даноци од поединци за изминатата година. Според анализата на Националната агенција за приходи на Бугарија во сумата се вклучени сите видови на движен и недвижен имот: станови, куќи, автомобили, јахти и авиони. Што се однесува до луксузните автомобили, затајувањето данок од поединци надминало два милиона и 200.000 лева минатата година.

ТВ Нова јави дека биле проверени и 55 лица поради купување скапи автомобили од марката Ролс Ројс. Според документите, тројца од нив немале никаков приход во 2019 година, односно биле невработени.

XS
SM
MD
LG