Достапни линкови

Над 30 загинати во обилните поплави во Бразил


илустрација

Најмалку 30 лица настрадале во поплави и свлечишта предизвикани од дводневните силни дождови во југоисточен Бразил. Според официјалните лица за цивилна заштита, 17 лица се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис. Во моментов се прави проценка на штетата во погодените области.

XS
SM
MD
LG