Достапни линкови

Во Хрватска протести против 5Г мрежа


Протести против воведување на 5Г технологија се одржаа денеска во хрватските градови Загреб, Карловац и Риека. Во Загреб собирот се одржа на плоштадот „Бан Јелачиќ“ наречен „Стоп 5Г Хрватска“, и на него учествуваа собра десетици луѓе, меѓу кои и политичари од опозицискиот „Жив ѕид“, јавуваат хрватските медиуми.

Учесниците носеа транспаренти на кои пишува: „Непроверено, несигурно, непотребно“ и „Ние не го даваме нашето здравје за концесија“, „Ние не сме експериментални зајаци“, „За здравје, а не за профит“, а на собирот беше кажано дека на некои места во Загреб веќе е инсталирана 4Г и 5Г инфраструктура, што е спротивно на регулативата и дека нивото на зрачење е далеку повисоко отколку во ЕУ.

Инаку, на 25-ти јануари се одржуваат протести низ целиот свет против 5Г технологиите, на кои граѓаните бараат да се стопираат нивното воведување сè додека не бидат истражени долгорочни биолошки ефекти и штетните ефекти врз здравјето на луѓето.

XS
SM
MD
LG