Достапни линкови

Тунберг: Климатските барања беа целосно игнорирани во Давос


Климатските барања се целосно игнорирани, заклучи денеска шведската тинејџерка и еко активистка Грета Тунберг, по Светскиот економски форум во Давос, на кој една од главните теми беа токму климатските промени.

„Имавме некои барања кога дојдовме. Очигледно, тие се целосно игнорирани. Но, токму тоа и го очекувавме“, изјави 17-годишната активистка, која бара итен прекин на финансирањето на фосилното гориво.

Тунберг, која втор пат по ред е повикана на овој годишен собир на политичките и економските елити, ја заврши неделата организирајќи климатски штрајк во подножјето на скијачките патеки. Протестите што таа ги започна во Шведска со недели мобилизираат млади луѓе ширум светот, секој петок. На Светскиот економски форум, кој траеше од вторник до денес, доминираа тематики поврзани со климатските промени.

XS
SM
MD
LG