Достапни линкови

Мишел: Судбината ви е европска, имам стратегија


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на РСМ Стево Пендаровски

Новиот претседател на Советот на Европа, Шарл Мишел, вели дека во неговиот мандат на новата позиција ќе се залага за преговори со Северна Македонија, но дека и нашата држава треба да продолжи со реформите.

Мојата посета е со порака дека иднината и судбината на Северна Македонија е европска. Затоа мојата намера и намерата на Советот на Европа е во март да ја продолжиме дебатата со таа цел. Ова вечерва го изјави новиот претседател на Советот на Европа, Шарл Мишел, по средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Скопје.

Мишел потенцираше дека во неговиот мандат на новата позиција ќе се залага за преговори со Северна Македонија, но дека и нашата држава треба да продолжи со реформите за да остане на европскиот пат, а и во ЕУ да се постигне едногласност и за реформите околу проширувањето на Унијата и околу прашањето за членството на Северна Македонија и Албанија.

Стратегија со три столба

Како што рече Мишел, тој, во однос тоа, тој на своите колеги во СЕ, ќе им предложи стратегија базирана на три столба.

„Првиот столб е следните недели и месеци да се фокусираме на процесот на реформа на моделот на проширување и негова модернизација. Вториот столб ќе биде повторно поставување на прашањето за Северна Македонија и Албанија пред СЕ, бидејќи сум свесен колку е направено во реформите и колку тие треба да продолжат за да се оди по патот кон ЕУ. И третиот столб е ЕУ да донесе стратегија за инвестиции и за раст на Западен Балкан“, рече Мишел.

Но, како што додаде, многу е важно на овие три столба да се надоврзат и владеењето на правото и борбата против корупцијата. Тој нагласи дека има голем интерес кај ЕУ за Македонија.

„Праката што сакам да ја испратам со оваа моја посета е дека има голем интерес за вклучување на ЕУ во процесите, дека индината на Северна Македонија е европска и дека треба да се продолжи со интензивен дијалог и секако да донесат одлука, која, секако, треба да е едногласна“, изјави Мишел.

Македонскиот претседател Пендаровски му се заблагодари на неговиот гостин што од почетокот на мандатот се залага за поддршка на македонските аспирации за влез во ЕУ и што со оваа посета ја донел и пораката дека и тој и ЕУ сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ.

Пораки за поддршка за европската перспектива на западен Балкан

Пред Мишел во Скопје беше и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји, кој исто така ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и најави дека повторно ќе биде побаран почеток на преговори за Северна Македонија, за што ќе одлучува Советот во март. Вархеји, исто така, потенцираше дека добар сигнал за Европската Унија ќе биде и доколку законот за Јавно обвинителство биде донесен пред распуштањето на Собранието во февруари.

Во меѓувреме и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен деновиве изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување. Во текот на претставувањето на хрватското претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен ја повика ЕУ да го одржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

Хрватска го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на први јануари 2020 година. Еден од приоритетите на Загреб е проширувањето на унијата кон земјите од Западен Балкан, а со тоа и давање на јасна перспектива за преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија. Пленковиќ изјави дека хрватското претседавање со Европската унија низ мајскиот самит во Загреб ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска преспектива, јасна временска рамка, но и методологија на идните преговори за членство во Унијa.

XS
SM
MD
LG