Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Заев и Филипче за „Рекет 3“


Зоран Заев и Венко Филипче

ВМРО ДПМНЕ ги обвинија екс-премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филиче, дека молчат и го прикриваат т.н. случај „Рекет 3“, односно како што велат, за неуспешната изградба на штипската болница. Според нив, Министретсвото за здавство е синоним за милионски афери, и го повикаа јавното обвинителство сериозно да ја истражи оваа афера.

„Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори. Зошто молчи власта за „Рекет 3“? Зошто во Штип се уште нема болница? Зошто беше запрена градбата на болницата? Зошто е прекинат договорот со подизведувачот? Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот? Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?“-рече Наум Стоилковски- потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Министрот за здравство Венко Филипче, преку соопштение екпресно одговори дека случај „Рекет 3“ не постои. Според него, во изминатите две години во оваа болница се вложени напори за да може проектот да биде завршен до крај.

„Во фикцијата на опозицијата така наречена „случај Рекет 3“ – нема случај! Партијата која носи предзнак на најголем криминал продолжува со старата практика – со создадени случаи да ги манипулира граѓаните. Министерството за здравство по институционален пат ги отфрли сите обвинувања во врска со паушално објавените наводи поврзани со реализацијата на проектот за изградба на КБ Штип – се по фактографска ретроспектива.“-изјави Венко Филипче, министер за здравство.

XS
SM
MD
LG