Достапни линкови

Граѓани во Мексико жив запалиле осомничен за педофилија и убиство


Илустрација - Припадници на мексиканската полиција

Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас, пренесе АП. Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството.

Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција. полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.

XS
SM
MD
LG