Достапни линкови

Владата ќе даде речиси 100 000 евра како помош за Австралија


Скопје- Седница на владата на Република Северна Македонија,08.01.2020

Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на Буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари или околу 100 000 евра за помош за настраданите од пожарите во Австралија.

Повеќе од пет милиони хектари земја се изгорени во пожарите што ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија, во кои има и човечки жртви и стотици уништени имоти.

Во изминатите денови се регистрирани екстремни температури во државите Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Во делови од Сиднеј викендот беа измерени 48 Целзиусови степени и ветрови од 80 км на час.

XS
SM
MD
LG