Достапни линкови

Државата ќе потроши шест и пол милиони евра за кампањата на партиите


Архивска фотографија- Прес - конференција на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571 милион и 500 илјади денари. Од нив, најголем дел, околу 400 милиони денари или шест и пол милиони евра се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

„За оваа намена за Претседателските избори беа потрошени околу 3 милиони и 800 илјади евра. Сега во буџетот се предвидени нешто над 233 милиони денари, но во другите ставки имаме резерва да се дополнат некаде скоро до 400 милиони денари. Значи, има доволно средства. Сметам дека можеби ќе има потреба да се дополни оваа ставка, но ќе се обидеме тоа да го направиме со пренамена од останатите ставки каде ќе заштедиме, рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски на денешната седница на Комисијата.

ДИК на седницата усвои и Планот за јавни набавки што се однесуваат и на редовното функционирање на Комисијата, но и за реализација на изборните активности.

XS
SM
MD
LG