Достапни линкови

Макрон: промената во преговарачкиот процес останува предуслов за преговори


Архивска фотографија- францускиот претседател Емануел Макрон

Проширувањето на Европската унија и промената на методологијата на пристапниот процес, што е предуслов Франција да се согласи на почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, биле едни од главните теми на средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз. Како што јави МИА Макрон изјавил дека сака Самитот во Загреб да биде успешен и повтори дека промената на методологијата на преговарачкиот процес е предуслов за започнување преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ.

„Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување да не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати“, изјави Макрон.

На самитот на ЕУ во октомври, Франција го блокираше започнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Хрватска, која го презеде шестмесечното претседавање со Унијата на први јануари, сака да го одблокира тој процес. Пленковиќ рече дека е задоволен што Макрон изразил оптимизам за успех на Самитот во Загреб.

XS
SM
MD
LG