Достапни линкови

Помпео: Солејмани не беше во Багдад во дипломатска мисија


Архивска фотографија- Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на прес конференција во Вашингтон рече дека Соединетите Американски Држави знаеле дека не е точно оти иранскиот генерал Касем Солејмани патувал во Ирак во дипломатска мисија.

„Секоја цел која беше разгледана од САД ќе биде во согласност со меѓународните закони за војување“ рече Помпео одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД може да нападнат локации во Иран кои се и културно наследство.

Помпео додаде и дека Солејмани активно работел на поткопување на мировниот процес во Авганистан и соработувал со Талибанците. Солејмани беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

XS
SM
MD
LG