Достапни линкови

Санчес доби доверба да формира влада


Архивска фотографија- Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчес

Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчес денеска осигура доволен број парламентарни гласови за да формира влада. Санчес кој ја води централнолевичарска алијанса Унидос Подемос при гласањето во парламентот доби поддршка од 167 пратеници од вкупно 350. Против гласаа 165 пратеници, а 18 беа воздржани. Санчес со месеци не можеше да состави влада, а на изборите што се одржаа есента Социјалистичката партија која ја предводи доби најмногу гласови и освои 120 пратеници, но преговорите со другите партии одеа тешко.

XS
SM
MD
LG