Достапни линкови

Министри на четири земји членки на ЕУ на состанок за Блискиот исток


Илустрација

Министрите за надворешни работи на четири земји членки на Европската унија ќе се сретнат денеска во Брисел на итни разговори за тензиите во Иран и Либија. На разговорите на шефовите на дипломатиите од Британија, Франција, Германија и Италија ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеф Борел. На денешниот состанок, според очекувањата, четворката треба да разговара за ситуацијата во Либија откако Турција објави дека ќе праќа војници во таа држава. На него, се најавува дека ќе стане збор и за ситуацијата во Иран по зголемените тензии меѓу САД и Техеран, до кои дојде по американскиот напад во Ирак во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани.

XS
SM
MD
LG