Достапни линкови

Германија ги преместува војниците од Ирак во Јордан и Кувајт


Архивска фотографија- министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас

Германските војници стационирани во Ирак ќе бидат делумно пренесени во Јордан и Кувајт поради тензиите кои следат по американското убиство на иранскиот генерал Касем Солејмани. Како што јавува германската агенција ДПА, во заедничкото писмо на министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи Хајко Мас испратено до парламентарците, се наведува дека во тек се разговорите со владата во Багдад за продолжување на германската мисија. Министрите пишуваат и дека во секој случај тие ќе ја почитуваат секоја суверена одлука на ирачката влада. Германија има свои војници во базите во Багдад и Таџи, вкупно 120. По американскиот воздушен напад минатата недела во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, во кој загина иранскиот генерал Солејмани, ирачкиот парламент донесе резолуција во која се повикуваат странските трупи да ја напуштат земјата. Министерот за одбрана на Соединетите држави Марк Еспер, пак, изјави дека Вашингтон нема донесено одлука за повлекување на војниците од Ирак, но прецизираше дека има извесно прегрупирање на американските сили.

XS
SM
MD
LG