Достапни линкови

Зариф тврди дека САД одбиле да му дадат виза


Архивска фотографија- иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф вели дека Соединетите Американски Држави одбиле да му издадат виза за да може да учествува на Советот за безбедност на Обединетите нации кој ќе се одржи на 9 јануари во Њујорк. Одбивањето за виза следува по зголемените тензии меѓу двете земји поради американскиот воздушен напад во Багдад во кој загина иранскиот генерал Касем Солејмани.

Тие стравуваат дека некој ќе дојде во САД и ќе ја открие реалноста, рече Зариф и додаде дека светот не е ограничен на Њујорк и дека тие можеле да му се обратат на американскиот народ и од Техеран, што и ќе го стореле.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран почнаа да се зголемуваат откако американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од нуклеарниот договор кој беше склучен во 2015 година меѓу светските сили и Иран. Пред убиството на Солејмани мината недела толпа во која имаше и припадници на проиранска парамилитантна група ја нападна американската амбасада во Багдад.

XS
SM
MD
LG