Достапни линкови

Русија и Кина против декларацијата на ОН за нападот врз амбасадата на САД во Ирак


Советот за безбедност на ОН

Претставниците на Русија и на Кина во Обединетите нации изјавија дека нивните земји силно се противат на неодамнешниот напад врз американската амбасада во Багдад, но оти го блокираа усвојувањето декларација на Советот за безбедност со која се осудува овој инцидент, бидејќи во него не се спомнува убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани. Десетици припадници на ирачките паравоени формации и нивните приврзаници на 31 декември упаднаа во комплексот на американската амбасада во Багдад. Неколку денови потоа САД со беспиолотно летало на багдадскиот аеродром го убија Солејмани, според многумина вториот најмоќен човек во Иран.

XS
SM
MD
LG