Достапни линкови

Во Техеран церемонија за погребот на Солејмани


Техеран- погребна церемонија за иранскиот воен командант Касем Солејмани

Во Техеран во тек е масовниот погреб на иранскиот воен командант Касем Солејмани кој загина во американски воздушен напад во петокот во близина на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад. Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи ги предводи верниците, а повеќе улици во главниот град се затворени за да може да ги соберат стотиците илјади верници. Ќерката на убиениот воен командант Зејнаб Солејмани го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за нарачување на убиството на нејзиниот татко. Пред насобраните таа рече дека нападот ќе донесе „црни денови“ за САД.

Тензиите во регионот се зголемија особено откако телото на Солејмани пристигна во Иран на 5 јануари за погребната церемонија која треба да заврши утре во неговиот роден град Керман. На посебна седница на ирачкиот парламент, пратениците во Багдад изгласаа повик за американските војници да се повлечат од земјата што предизвика брза реакција од американскиот претседател Трамп.

Тој рече дека ако американските војници се принудени да го напуштат Ирак тие ќе им воспостават санкции какви што не виделе досега. Трамп ги повтори заканите да напад врз ирански знаменитости.

"На нив им е дозволено да убиваат наши луѓе. На нив им е дозволено да користат да поставуваат бомби на патот и да убиваат наши луѓе а на нас не ни е дозволено да ги допреме нивните културни наследства? Тоа не оди така“ рече Трамп.

XS
SM
MD
LG