Достапни линкови

Во Црна Гора уапсена новинарка поради паника од лажна вест


Илустрација

Полицијата во Подгорица синоќа ја приведе новинарката Анџела Џикановиќ (26) под сомнение дека сторила кривично дело – предизвикување паника и немири, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.Таа како главен уредник на порталот за ФОС медиа и автор на текст објавен на порталот во неделата со наслов „ФОС открива: Членови на РОСУ на располагање во Црна Гора за Божиќ“, предизвика паника во јавноста со презентирање лажни вести преку медиум.Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи на денот на собир во Подгорица закажан за денеска“ на Бадник. Според обвинителството во постапките на новинарката елементите на кривичното дело биле да предизвикаат паника и немири, а текстот бил апсолутна лага и обид за ширење дезинформации.

XS
SM
MD
LG