Достапни линкови

Франција, Британија и Германија бараат од Иран да го почитува нуклеарниот договор


Архивска фотографија- нуклеарен капацитет во Иран

Таканаречената Е3 група во која се Франција, Британија и Германија бара од Техеран да го почитува нуклеарниот договор постигнат во 2015 година со светските сили и да се воздржи од насилство. Во заедничкото соопштение објавено денеска, трите земји членки на Европската унија ја истакнуваат важноста од намалување на тензиите во Ирак и Иран и ја потврдуваат својата одлучност во борбата против Исламска држава.

Ден претходно Иран соопшти дека нема да го почитува кое било ограничување предвидено во нуклеарниот договор поради растечките тензии со Соединетите Американски Држави.

Соопштението на официјален Техеран, пак, следуваше три дена по американскиот воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад во кој загина иранскиот командант Касем Солејмани, што ги зголеми стравувањата од ескалации на тензиите во регионот.

XS
SM
MD
LG