Достапни линкови

Двајца украински војници убиени во конфликтната зона


Архивска фотографија- украински војници

Украинската војска соопшти дека двајца нејзини војници загинале во последните 24 часа во воени мисии во украински конфликтни зони. Според објавата на социјалната мрежа Фејсбук на украинското министерство за одбрана еден од нејзините војници бил убиен од сепаратистите поддржани од Русија кои го нарушиле договорот за прекин на огнот четири пати од 5 јануари. Другиот војник е убиен во воено возило кое поминало врз експлозив во источниот регион Луганск. Во истиот инцидент друг војник е тешко повреден. Околу 14 000 луѓе досега загинаа во конфликтот, а околу 1,5 милиони се раселени лица.

XS
SM
MD
LG