Достапни линкови

Помпео: САД не бараат војна со Иран


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека САД остануваат посветени на намалување на тензиите, а подоцна за телевизијата Фокс рече дека воздушниот напад бил законски и дека ризикот од неправењето ништо во однос на Иран бил огромен. САД не бараат војна со Иран, рече Помпео, додавајќи и дека нема да седат настрана додека животите на Американците се доведени во ризик.

Инаку командантот на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани беше убиен во американски воздушен напад рано утринава во близина на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад.Техеран на ова одговори со закани за одмазда.

Попмео вели дека САД сториле се за да ги зацврстат американските интереси во регионот додавајќи дека воздушниот напад врз Солејмани спречил неизбежен напад и дека немало сомнеж оти со него се спасиле американски животи.

XS
SM
MD
LG