Достапни линкови

Судија се повика на судскиот имунитет во истрага за нелегална приватизација


Новата зграда на Кривичен суд во Скопје.

Првоосомничениот судија во истрага за нелегална приватизација, денеска сам се пријави во судот и се повика на судскиот имунитет во врска со предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор, соопшти Кривичниот суд.

Вчера Основното јавно обвинитество за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е отворена истрага за вкупно осум лица кои се сомничат за кривично дело Злоупотреба на службена положба и оти за шест од нив е даден предлог за определување притвор, додека за две лица определување мерки на претпазливост, а медиумите објавија дека првоосомничен е судијата и актуелен член на Судскиот совет Зоран Теофиловски.

Во денешното соопштение на Кривичниот суд се наведува дека првоосомничениот во постапката денеска се појавил во судот пред судија на претходна постапка во присуство на негови двајца бранители и се повикал на правото на судски имунитет.

„Во однос на новонастанатата ситуација, согласно одредбите од ЗКП судот со писмо го извести Судскиот совет на РСМ како надлежен орган и ја одложи седницата за произнесување во однос на предлогот за притвор го конечна одлука на советот“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Обвинителството вчера соопшти дека истражуваат дело кое се случило во 2011 година, а се однесува на незаконска приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во тетовско.

Според Обвинителството, сомничените овозможиле правно лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4410 метри квадратни, откупувајќи го за цена од 43 денари за метар квадратен во вкупна вредност од над 188 илјади денари, а на штата на средства на државниот буџет во висина од скоро 53 милиони денари.

XS
SM
MD
LG