Достапни линкови

Пендаровски - Граѓанско помирување втемелено врз правда


Честитка од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски за новогодишните празници.

Претседателот Стево Пендаровски во честитка за новогодишните празници наведува дека посакува благосостојба во државата втемелена врз евро-атлантска безбедност и вредности, граѓанско помирување втемелено врз правда, здрава животна средина и повеќе мѓусебна почит на граѓаните.

„Посакувам во 2020 година во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе стигнеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани, со еднакви права и обврски. Владеењето на правото и правдата ќе ни ја врати не само довербата во институциите, туку и меѓусебната доверба“, вели Пендаровски.

Тој наведува дека како што членството во НАТО е гарант за стабилноста, така преговорите за членство во Европската унија ќе бидат поттик за суштински реформи.

“Поседуваме доволно домашен потенцијал во битни историски моменти да се обединиме за битни прашања. А, нема поважно прашање од нашата европска иднина“, истакнува Пендаровски.

Тој исто така вели дека последиците од загадувањето ги чувствуваме сите, независно од етничка, верска, идеолошка, социјална или генерациска припадност.

„Токму затоа треба да ги оставиме разликите на страна и заедно да го решаваме овој голем проблем“, вели Пендаровски.

XS
SM
MD
LG