Достапни линкови

Санадер доби уште шест години затвор


Архивска фотографија- Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер и претседател на партијата ХДЗ Иво Санадер е осуден на шест години затвор поради примање мито од десет милиони евра за да на унгарската нафтена компанија МОЛ и го препушти управувачкиот пакет на хрватската нафтена компанија ИНА. Дополнително Санадер е обвинет дека со директорт на МОЛ договорил издавање на нерентабилната гасоводна инфраструктура на ИНА, јави дописникот на МИА од Загреб. За виновен во аферата е прогласен и директорот на МОЛ Золт Харнади и тоа поради давање на мито, а судот му одреди две годишна затворска казна. Инаку, Санадер од април е во затвор каде што издржува затворска казна од 4,5 години за примање на провизија за случајот „Планинска“.

XS
SM
MD
LG