Достапни линкови

Турција- сто лица уапсени за поврзаност со Исламска држава


Архивска фотографија- турски полицаец

Турските власти денеска уапсија сто лица кои се осомничени дека се поврзани со Исламската држава од кои 50 се странски државјани. Државната агенција Анадолија јавува акцијата се одвивала низ целата земја, а дека повеќето од приведените странци се Ирачани.Акциите се заеднички на националната разузнавачка служба и антитерористичката полиција. Од ноември годинава Турција депортира странски терористички борци поврзани со Исламска држава. Таа екстремистичка група ја презема одговорноста за нападот во 2017 година во ноќен клуб во Истанбул при што загинаа 39 луѓе, а 79 беа повредени.

XS
SM
MD
LG