Достапни линкови

Напад со нож во синагога во Њујорк, петмина повредени


Илустрација.Синагога.

Најмалку пет лица биле прободени со нож во куќата на рабини во Њујорк, соопшти нивната еврејска организација доцна синоќа.

Хасидиќ Раби од Православниот еврејски совет за јавни работи на Твитер објави дека пет лица имаат „ убодни рани, и сите се пренесени во локалните болници “.

Две од жртвите се наоѓаат во критична сосотојба, а еден има најмалку шест убодни рани, соопшти советот. Сторителот избегал од местото на настанот, но причината за нападот или деталите остануваат нејасни.

Групата соопшти дека нападот се случил во куќа во Монси, округот Рокленд, на околу 50 километри северно од Њујорк.

Бирото за борба против тероризмот соопшти дека „внимателно ги следи извештаите за повеќето луѓе избодени во синагога“ во округот Рокленд.

XS
SM
MD
LG