Достапни линкови

Од 1 јануари повисоки плати за 32 илјади вработени во образованието


Совет на СОНК

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти. Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска ги потпишаа спогодбите за повисоки плати. Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Министерот за образование Арбер Адеми, вели дека со тоа ќе се подобри материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК велат дека се задоволни од зголемувањето на платите, но останува да се сработат уште работи во образовниот сектор. Она што останува, според СОНК за следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

XS
SM
MD
LG