Достапни линкови

Јавната расправа за измените на Изборниот законик без ДУИ и опозицијата


Избирачко место.

На јавната расправа за измените на Изборниот законик, професорот од Правниот факултет, Светомир Шкариќ рече дека ако измените што предвидуваат една изборна единица и отворени листи добијат поддршка од 65 пратеници, тогаш законот може да се донесе. Дебататаја организира собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. На дебатата присуствуваат претставници на предлагачите на промените, на помалите партии и на институциите, но не и пратеници од опозицијата и ДУИ.

Шкариќ смета дека ваквиот закон би бил легитимен и легален, иако би можело претседателот на Собранието да не го поддржи, но ќе биде потпишан од шефот на државата.

Сепак, според него, ова би можело да се случи под услов да се разгледа моделот за распределба на мандатите.

Предлог на професорот Шкариќ е т.н. Харов изборен модел со отворени и подвижни листи.

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска истакна дека предлогот за измени е од помалите партии, но оти всушност потребата за ваква промена е поддржана од 65 пратеници од владејачкото мнозинство.

Претседателот на Комисијата Александар Кирацовски вели дека СДСМ прифаќа една изборна единица затоа што во ветер се фрлаат голем број гласови и оти не губат само партиите туку и граѓаните.

XS
SM
MD
LG