Достапни линкови

Заев - Може нема да си поднесам оставка на 3 јануари


Архивска фотографија - Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев вели дека нема намера да поднесе оставка на 3 јануари, ако опозицијата продолжи да ги блокира битните закони во Собранието, како законите за повисоки плати и пензии.

„ А без поднесување оставка, нема започнување на сите постапки“, изјави денеска Заев одговарајќи на новинарски прашања на почеток на градба на нов објект во кругот на МВР.

Тој вели дека партиите се договориле за изборите, но ако се дозволи опозицијата да ги блокира процесите во Собранието за законите кои се битни за граѓаните, тоа за СДСМ се сериозни причини да се разговара дури и за одлагање на изборите.

Заев вели дека не сака да се одложат избори, а и партијата се подготвува за пржинската влада, но како што вели, нема да дозволи интересот на која било политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда.

.

XS
SM
MD
LG