Достапни линкови

МОСТ - Собранието е потранспарентно, но има уште предизвици


Собрание на Република Северна Македонија

Забележано е подобрување на транспарентноста на Собранието, но и покрај тоа Парламентот треба да надмине уште неколку предизвици, стои во препораките на Граѓанската асоцијација МОСТ за работата на Собранието. Предизвиците се поврзани со измени на Деловникот и Законот за Собрание, начинот на подготвување и објавување на документите кои ги продуцира Собранието, техничките капацитети, финансиските и човековите ресурси и веб-страницата на Собранието со цел да се овозможи зголемување на транспарентноста на уште повисоко ниво.

МОСТ денеска во Собранието на РСМ ги презентираше наодите и препораките од мониторингот поврзани со транспарентноста на работата на собраниските комисии во периодот јули 2017- септември 2019 година.
Од анализата, соопштија од МОСТ, е заклучено дека просечната оцена за транспарентност се зголемила за повеќе од два пати, и тоа од 18 во периодот јуни-септември 2017, на 39 за периодот јули-септември 2019. Сепак, заклучуваат, оцената за транспарентност по периоди не е конзистентна, односно има периоди во кои значително флуктуира.

XS
SM
MD
LG