Достапни линкови

Нема бегање од избори на 12 април?


Архивска фотографија - Избирачко место

Избори на 12 април ќе има, оти партиите се договорија така, коментираат од партиите, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека изборите може и да се одложат, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Jанушев вели дека избори ќе има и дека веројатно Заев го фаќа паника и се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, и од тоа нема бегање, рече Јанушев на прес-конфеенција.

Од коалициониот партнер на СДСМ во владата, велат дека тие се за избори. ДУИ со нетрпение ги очекува изборите и следната победа, изјави денеска во Собранието пратеникот на оваа партија Артан Груби.
Тој рече дека ДУИ ги поддржува сите законски решенија, било да е тоа Законот за Армијата, Законот за ЈО, па дури и инкорпорирањето на препораките од ОДИХР и ОБСЕ во Изборниот законик, кои би сакале да се усвојат во текот на јануари, по изборот на преодната влада.

Прашан за денешната изјава на премиерот Заев за можно одложување на изборите доколку не се донесат суштинските закони, Груби рече дека ако има политичка волја и дијалог меѓу политичките партии ништо не би било пречка и сите закони можат да се усвојат во краток можен рок.

Од движењето Беса сметаа дека изборите се веќе договорена работа меѓу политичките партии и дека тоа прашање не треба да се условува со донесувањето на законите.

Партиите претходно на средба кај Пендаровски се договорија предвремени избори да се одржат на 12 април следната година.

XS
SM
MD
LG